ОБУКА ЗА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА

Професионалната комуникација и техниките на преговарање во поголема или помала мера се присутни во сите активности на современиот деловен човек. Ефикасната деловна комуникација е од суштинско значење за креирање и одржување на успешна компанија, па затоа, основните функции на менаџментот (планирање, организирање, кадровско екипирање, насочување и контрола) не можат да се изведат без ефективна комуникација која е регулирана со одредени правила и норми.
Целта на оваа обука е унапредување на комуникациските вештини во деловното опкружување со акцент на подобрување на личната комуникација, меѓучовечкитеодноси и подобрување на перформансите во однос на справување со клиенти и соработници.
Од оваа обука ќе имаат корист сите оние што се во секојдневна професионална комуникација и преговарање со клиенти, добавувачи, менаџери, продажни агенти, лица што работат во сектори за грижа за корисници и секој што сака да ги подобри своите вештини за многу кратко време, но и да се стекне со вештини за креација на оптимизиран канал на комуникација со сите лица со кои доаѓа до вребална и невербална комуникација.