ОБУКА ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА БИЗНИС ГЕРМАНСКИ И АНГЛИСКИ ЈАЗИК

Соодветно решение за изучување на германски и англиски јазик на работа и секојдневие и што би помогнало во комуникација на работни состаноци, службени и приватни средби.
-Целната група се сите заинтересирани кои сакаат да го изучуваат германскиот и англискиот јазик од професионални / службени причини, пр. за странски соработници на германско англиск јазични претпријатија во Македонија и странство, како и странски соработници во фирми и претпријатија.
Паралелно се изучува и граматика која е неопходна за интеракција.
Со комбинирани вежби на пишување , слушање и разговор се совладуваат вештините за да се објасни и образложи своето мислење, реакција, како разговорно да се прави споредба на економијата и животниот стандард во различни земји, претставување на интервју, комуникација на работното место ,Се разбираат описи на настани, желби, чувства, лични и службени писма, налози, понуди, лични и професионални препораки. Се совладува пишувањето на службени писма, препораки, понуди и едноставни договори.
Обуката опфаќа 3 модели соодветно степенот на познавање на јазиците од страна на кандидатите.